Македонија
Третина од граѓаните се лекуваат приватно – Светски ден на здравјето

Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, годинава во фокусот го има универзалното здравствено покривање. Причината, како што е објаснето е фактот што милиони луѓе ширум светот, сè уште немаат пристап до здравствена заштита, а милиони други се принудени да избираат помеѓу здравствената заштита и другите дневни трошоци како што се храна, облека, па дури и дом.
„Универзалната здравствена покриеност значи дека сите луѓе имаат пристап до квалитетни здравствени услуги што им се потребни, кога и каде што им се потребни, без финансиски тешкотии. Најмалку половина од луѓето во светот не ги добиваат здравствените услуги што им се потребни. Околу 100 милиони луѓе секоја година се втурнати во екстремна сиромаштија поради трошењето лично од сопствени средства за здравство.“, нагласуваат од Институтот за јавно здравје.
На одбележувањето на 7-ми април, министерот за здравство Венко Филипче потенцираше дека Министерството реализирало повеќе мерки за унапредување на здравствената заштита за сите граѓани во државата, како и за унапредување на статусот на здравствените работници.
„Со Управата за електронско здравство воведовме 2 нови типови на упати, со кој ја подобруваме здравствената евиденција и ја поедноставуваме работата на здравствените работници. Исто така, донесовме и нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место. Го враќаме достоинството на сите здравствени работници. Во текот на минатата година се вработени голем број на здравствени работници. Ги зголемуваме платите и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. А за првпат специјализантите земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар “, изјави министерот.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети во својата изјава рече дека најмалку половина од луѓето во светот не ги добиваат здравствените услуги што им се потребни, а според податоците од невладината организација ЕСЕ, во земјава 35% од населението за лекување троши средства од сопствен џеб.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?