Деца Родители
Тргнување во градинка – Што да направите за да нема стрес и плачење?

Време е да се тргне во градинка. Септември е важен за сите коишто за првпат се одделуваат од децата, без разлика дали тргнуваат во јасли или во поголемите групи во градинка. Тоа е голем чекор за секое дете. Неговиот, до тогаш ограничен свет на семејството и поблиската фамилија сега се проширува на нова средина, нови возрасни непознати особи, на голем број на врсници и делумно изменет дневен режим. Поради сето тоа детето треба да оди во градинка во оној момент кога за тоа е подготвено, а тоа најчесто е околу третата година.
Периодот на прилагодување на овие промени може да трае различно долго, а тоа зависи како од самото дете така и од соработката помеѓу родителите и воспитувачите. Во најголем број на случаи адаптацијата трае неколку недели, но во одредени случаи тој процес е значајно подолг. Во периодот на адаптација детето наоѓа свое место во групата.
Пред да почне да посетува детето градинка треба да се запознае со просторот, да види дека градинката е убаво место наменето за деца. Родителите да се запознаат со воспитувачките кои ќе се грижат за нивните деца и да ги запознаат со поединостите кои се важни за нивните деца.
Поаѓањето во градинка не мора да биде стресно за секое дете. Важно е родителите прво да имаат доверба во самата градинка, бидејќи нивниот страв и недоверба лесно може да се префрли на нивните деца. Доколку родителите се мирни и оптимистички насочени, доколку пренесуваат впечаток дека се е во ред и дека се среќни што нивните деца ќе одат во градинака, голема е веројатноста дека и децата нема да прават голема драма од тоа. Работата на родителот е да му помогне на детето да ја совлада својата анксиозност, да ја обработат за него, а не да го преплавуваат со сопствените стравови.
Важно е родителите да му покажат на детето дека се горди што тоа е доволно големо да тргне во градинка, да имаат доверба во себе како родители и во своите деца дека успешно ќе го надмине она што му следи и со задоволство ќе го прифати новото искуство, учењето, играта, пријателите.
Важно е родителите да не ги лажат децата дека ќе дојдат веднаш по нив да ги земат и да не си заминуваат со лага и без поздрав. Во тој случај детето ќе почне да ги чека со нетрпение и нема да биде отворено за сето она што се случува околу него во групата. Многу е подобро родителот да му каже на детето дека ќе дојде по него после работа. Исто така, добро е на детето кое за првпат поаѓа во градинка да му се дозволи со себе да си ја земе и својата омилена играчка.
Бунењето на детето кога за првпат поаѓа во градинка е нормална појава и е знак дека детето е здраво и е врзано за семејството. Децата на родители кои се во работен однос побрзо се адаптираат на градинката бидејќи тие се навикнати на отсуството на родителите во домот и полесно ја прифаќаат новата средина. Доколку детето почнува да се буни и не сака да оди во градинка после подолг период, тоа е знак дека детето не се адаптирало добро до крај. Добро е да се дознаат причините за тоа и порди што детето не сака да оди во градинка. Ако детето е над три години тоа само може да ја каже причината, но доколку е помало, тоа може да се дознае низ игра.
Упорноста на родителите е еден од клучните фактори за добра адаптација на детето во градинка.
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство
Центар за социјална работа Гостивар
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!