Македонија
Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Во следниот период се очекува поинтензивна работа на Комисијата за заштита од конкуренцијата околу Законот за нефер трговски практики. Комисијата е комплетирана и за се она што што ќе биде утврдено како неправилност во однос на Законот, има пропишано законски одредби што ќе треба да се спроведат.
Министерството за економија и труд е задолжено за спроведување на законот, а според заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, овој закон не е само за заштита на производителите, добавувачите и трговците, туку и за заштита на стадндардот на граѓаните.
– До Нова Година не беа комплетирани членовите кои се дел од КЗК. Како Министерство за економија и труд го спроведуваме имплементирањето на Законот. Имавме состанок со КЗК така што ветија дека во наредниот период ќе има доста интензивна работа во проверувањеето на договорите меѓу добавувачите и трговците. За она што ќе биде утврдено како неправилност, има предвидено одредени казнени одредби кои ќе бидат спроведени. Овој закон не е само за заштита на производителите, добавувачите и трговците, туку пред се за заштита на стандардот на граѓаните, бидејќи сето тоа на крајот се однесува на цената на крајниот производ, изјави денеска Ристески при посетата на маркетот „Веро“ во Тафталиџе.
Ристески вели дека за првпат се имплементира ваков закон во државата и дека праксата ќе покаже кои се слабостите.
– Ние заедно со КЗК ќе го следиме имплементирањето на Законот и во соработка со бизнис секторот ќе видиме дали во блиска иднина ќе треба да се променат одредени членови, изјави Ристески.
Според трговците, има одредени одредби од законот за коишто треба да се разговара како што се ограничувањето на профитната маржа и ограничувањето на повратот.
– Имаме свои предлози за одредени работи што треба да се променат, што ни направија потешкотии не само на нас како трговски ланец, туку и на самите производители и дистрибутери. Работиме со претставниците на Владата и анализираме дали овој закон ги даде посакуваните ефекти. Има неколку работи што не се добро дефинирани, може да се разговара за ограничувањето на профитната маржа и ограничувањето на повратот што досега функционираше но, сега тие работи според законот се ограничени и прават да не може деловните дневни и месечни процеси да се одвиваа успешно за двете страни, изјави генералниот директор на „Веро“ маркетите Петар Денковски.
Во земјава за првпат се имплементира ваков Закон којшто е изработен по примерот на словенечкиот закон, а користени се и искуства од Хрватска и Бугарија како членки на Европската унија.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо