Поврзи се со нас

Гостивар

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Објавено

на

Полна сала, весела атмосфера, распеани и насмеани лица, сцена што блика од убавина со македонски фолклор и бура од емоции. Вака помина концертот што вчеравечер се одржа во Центарот за култура во Гостивар, во чест на триесет години музичка кариера на познатиот пејач на македонска народна песна Владо Глигоровски.

„Прекрасно е чувството вечерва, толку сум среќен, и тоа се гледа. Мојата желба беше преку одбележувањето на овој јубилеј 30 години, да се пренесе таква традиција и на младите генерации музичари, да почнат да слават 5, 10 години, 20 и да стигнат до 30 па и до 50 години. Во оваа прилика би рекол дека не е богат оној што има многу пари, туку тој што има пријатели. Јас сум толку богат што имам толку пријатели и гости на концертот, што ме прави пресреќен и ме задолжува уште повеќе да продолжам со музиката. Чест и задоволство ми е да ги поздравам моите сограѓани, моите блиски, пријатели, поддржувачи кои дојдоа од Скопје, Прилеп, Битола, Македонска Каменица, Штип и од други места. На некој начин, ценам дека на Гостивар му требаше ваков настан, затоа што ни требаше да се собереме и да се сплотиме, да сфатиме дека треба да бидеме заедно, да се сакаме, да си простуваме, да се радуваме. Покрај мене тука се и наши големи естрадни уметници, ретко кој во Македонија направил концерт со толку уметници, со такви потврдени имиња, легенди на македонската музика, ете мене ми припадна таа чест. Тоа е господова работа. Бог ги поклопи сите коцки, за да славиме вечерва заедно сите.“, изјави за Gostivarpress.mk,  Глигоровски.

На концертот беа изведени изворни, народни и чалгиски песни, кои ја одбележаа музичката кариера на Глигоровски, а на почетокот публиката имаше можност да се потсети на неговите почетоци и текот на чекорењето во музичките води, од родниот Врбен, преку членувањето во ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, ансамблот на МРТВ, настапи на фестивали, манифестации, гостувања…

Вечерта која ја модерираше Сузана Апостолова, со свои настапи ја збогатија гостите: Наум Петрески, Зуица Лазова, Круме Спасовски, Виданка Георгиева, Вики Среброва, Атина Апостолова, Мирослав Крстески, Дарко Билбиловски, групата „Фаворити“ и ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.

Гостите споделија честитки за јубилејот и пофални зборови за својот колега и пријател.

„Му посакувам на Владо уште многу убави јубилејни концерти. За да бидеш пријател со Владо, навистина треба многу. Зошто велам многу, затоа што Владо е човек што заслужува голема почит и како уметник и како душа човечка. Владо е еден голем Македонец кој ги сака и негува македонските песни. Со полно срце дојдов да бидам дел од концертот“, рече Круме Спасовски.

Наум Петрески и Зуица Лазова истакнаа дека со Глигоровски делат многу убави заеднички спомени и моменти, и дека настапот во Гостивар за нив е чест и задоволство.

„Одлична е атмосферата, чувството да се настапува тука во Гостивар, во чест на Владо, да запееме, да се дружиме. Со Владо имаме многу убави заеднички спомени, за кои треба многу многу време да се раскажуваат, тоа се незаборавни спомени, пријатни музички дружби, домашни веселби“, рече Петрески.

„Чест ми е што сум дел од овој јубилеј на Владо, од срце му честитам, и благодарам и на публиката што е овде и не‘ удоистои и нас. Мора да кажам пред пред се‘ Владо ни е нам голем пријател, а потоа секако и колега. На младите генерации им порачувам дека македонската народна музика е нашиот идентитет, се додека си го чуваме ќе знаеме дека сме Македонци“, изјави Лазова.

Изненадување на вечерта беше настапот на кралот на саксофонот Ферус Мустафов, кој приреди екстра доживување за публиката.

Владо Глигоровски со пеење почнува уште во училишните денови во ОУ „Денче Дејановски“ во Маврово, па продолжува како средношколец преку настапите со ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар. Во една прилика е препознат како талент и добива покана од тогашниот уредник и музички продуцент за народна музика Матеја Грујоски да учествува во МРТВ, по што започнува да се развива неговата до сега 30 годишна кариера.

Глигоровски има снимено преку 120 народни песни, повеќето посветени на Мавровско-Реканскиот крај.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 33 минути

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 17 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 18 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 20 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 21 час

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена