Вести Гостивар
Три лица се повредени во несреќата попладнево кај Карпалак, сообраќајот на автопатот по една лента

Во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово, близу Карпалак за која претходно информиравме, повредени се три лица.
Според информациите кои Gostivarpress.mk ги доби од СВР Тетово, во несреќата учествувале фолксваген пасат со скопска регистрација, што го управувал 26 годишниот Е.Е од Тетово и товарно возило „форд транзит“ со гостиварски таблици управувано 38 годишниот Б.С од селото Добридол.
Возачот на пасатот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовскиот Клинички центар. Совозачот во пасатот и возачот на фордот, пак задобиле повреди од лесен карактер и превентивно биле префрлени во болница.
Сообраќајот на автопатот поради несреќата, во која канти со поликолор се истуриле по коловозот (ги превезувал фордот) се одвива по една лента.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022