Поврзи се со нас

Занимливости

Три несекојдневни начини за бојадисување на велигденски јајца

Објавено

на

Се ближи најголемиот христијански празник Велигден, а со тоа и бојадисувањето велигденски јајца. Еве три интересни, несекојдневни  и креативни начини за бојадисување на велигденските јајца.

Бојадисување со боја за храна

Бојадисувањето е едноставно, брзо и лесно. Потрбни ви се оцет, вода, боја за храна, сад за собирање на вишокот на боја, плстична лажичка и по можност пластични ракавици. Тајната успешно да ги бојадисате со овој метод е во тоа што прво ги нанесувате потемните нијанси на боја, а потоа посветлите.

Најпрвин подгответе ги јајцата (сварете ги). Во сад измешајте 50% вода и 50% оцет и пребришете ги јајцата со мешавината. После тоа исушете ги.

Подгответе сад за собирање на вишокот на боја и во него ставете ги тегличките со боја. Држејќи го јајцето со палецот и показалецот, едноставно, капнете од лажичката со потемна боја, а потоа завртете го јајцето така што бојата ќе направи цел круг околу јајцето.

Оставете го јајцето, целосно, да се исуши, па потоа нанесете од другата нијанса не идентичен начин, За да го забрзате процесот јајцата можете да ги сушите со фен. Капаче од шише може да ви послужи како основа на која ќе го оставите јајцето да се суши.

Бојадисување со ориз и бои за храна

Уште еден едноставен и забавен начин на бојадисување велигденски јајца во кој можете да ги фклучите и најмалите. Потребни ви се ориз, сад со капак (или кеса со затварање) и боја за храна.

Истурете ориз во садот или кесата, може да користите и обична кеса но добро заворете ја, односно врзете ја. Ставете малку боја во оризот и затворете го садот. Добро истресете го садот така да бојата и оризот добро се измешаат.

Во садот ставете јајце и повторно затворете го садот. Овој пат понежно истресете го садот додека јајцето не се бојадиса. Едноставно.

Бојадисување со темперни бои и пена за бричење

За овој начин потребно ви е пена за бричење, темперни бои во комбинација на бои на виножито, поплиток сад, дрвено стапче и хартија. И со ваквиот начин на бојадисување на велигденските јајца може да ги вклучите децата.

Ставете пена за бричење во садот тека што ќе добиете порамен слиј и додајте боја во ленти одозгора.

Со дрвеното стапче малку помешајте ги боите.

Наредете ги јајцата над пената и бојата. Нека одстојат така неколку минути, а потоа, со лажичка, внимателно, свртете ги така што и другата страна ќе биде потопена со бојата. Оставете ги така 10 – 15 минути.

Извадете ги јајцата и ставете ги на хартија за печење. Со хартиени салвети исушете ги, но внимавајте да не ја избришете и бојата.

 

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена