Поврзи се со нас

Рецепти

Три рецепти за малку поинаква зимница

Објавено

на

Сезоната на зимници е во полн ек и теглите со традиционалните ајвар, лутеница, туршија, се редат на полиците. Ако сте од оние кои се подготвени да пробуваат нови вкусови и да ја освежат домашната кујна, следните рецепти за несекојдневни и помалку познати зимници сигурно ќе ви бидат привлечни.

Салата со печурки и кисел зеленчук

Состојки:

600 гр кисела зелка

400 гр кисели краставички

300 гр печурки шампињони

100 гр кромид

100 гр масло

30 гр шеќер

Подготовка:

Сварете ги шампињоните и исецкајте ги. Исецкајте го и зеленчукот и измешајте. Зачинете со масло и шеќер. Салатата ставете ја во тегли и чувајте ја на темно и ладно место.

 

Салата од цвекло, моркови и јаболка

Состојки:

4 глави цвекло

4 моркови

3 јаболка

1 целер

1 цел лимон

сок од 2 лимони

6 лажици мед

 

Подготовка:

Зеленчукот и јаболката излупете ги и изрендајте. Лимонот измијте го убаво и исецкајте го ситно. Откако ќе ги измешате додадете го сокот од 2 лимони и медот и повторно добро  измешајте. Вака подготвената салата ставете ја во тегли и чувајте ја на ладно и темно место.

 

Модри сливи полнети со зелка

Состојки:

1 кг. сливи

250 гр зелка

2 лути пиперки

1 китка магдонос

1 китка нане

2 глави лук

ловоров лист

2 лажички сол

120 мл оцет

вода

 

Подготовка:

Исечете ја зелката на ленти или изрендајте ја. Лутите пиперки исецкајте ги ситно и додадете ги во зелката. Магдоносот и нането ситно исецкајте ги, па истото додадете го во зеленчукот. Главите од лукот исчистете ги и изрендајте ги. Посолете и сè добро измешајте. Оставете околу половина час. Засечете ги сливите и извадете ја семката, за да може да се филуваат. Наполнете ги сливите со подготвената смеса. Ставајте ги во претходно стерилизирани тегли. Во секоја тегла ставете по еден ловоров лист, сол, оцет и ладна вода. Добро затворете и ​​чувајте во фрижидер или на ладно и темно место.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 минути

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 36 минути

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 2 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 3 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 17 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 19 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 20 часа

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена