Здравје и убавина
Три совети кои поприлично помагаат при настинка и грип

За грипот, како и за секоја друга респираторна инфекција, за закрепнување важно е да ги следите препораките на докторите, но и овие три совети во исхраната, престојот во бања и прочистувањето на дишните патишта.
Кето диета
Исхраната која е богата со маснотии и протеини или кето диета, според американските научници, има многу корисен ефект врз имунитетот и врз производството на Т-клетките. Овој вид диета значи да се внесува што повеќе месо, риба, јајца, млечни производи, ореви и што е можно помалку јаглехидрати. Има корисен ефект врз имунолошкиот систем бидејќи го забрзува метаболизмот и му помага на телото поефикасно да се справи со вирусот.
Туширање со жешка вода и пареа
Туширање со топла вода во парна бања ги стимулира дишните патишта и ја ублажува болката во коските и мускулите. Секој пат кога ќе се препотите, истуширајте се со што пожешка вода, а пред тоа, загревајте и направете пареа во бањата. Истражувачите тврдат дека ова не само што ги олеснува симптомите на грипот, туку и го забрзува закрепнувањето бидејќи го зајакнува организмот.
Солен раствор
За да продишете на нос, ублажите течењето на секретите и болки во грлото, може да ви помогне и три проценти солен раствор. Оваа течност, која секој може да ја направи дома, има антибактериски и антисептички својства и спречува развој на бактериска инфекција. Имунолозите сугерираат дека испирањето на грлото и носот со солена вода може да го забави понатамошното пренесување на вирусот на грип.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар