Поврзи се со нас

Гостивар

„Учи паметно, работи стручно“, трибина во Гостивар

Објавено

на

Kомпаниите се соочуваат со потешкотии да ги пополнат слободните работни места со квалификувана работна сила. Од друга страна, младите можат да се наметнат на пазарот на труд само доколку имаат квалитетно образование, во кое теоретските знаења се дополнети со практично искуство. Ова се појдовните точки на процесот на реформирање на стручното образование, што го иницираа Владата и Министерството за образование и наука, преку вклучување на засегнатите страни од приватниот сектор и локалните самоуправи. Дијалогот „Учи паметно, работи стручно“, во кој Министерството за образование и наука веќе втора година ги вклучува општините и бизнис заедницата, денеска продолжи во Гостивар. Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу рече дека цел е отворање на стручни профили во средните училишта за кои ќе се утврди потреба во локалните заедници.

„Заеднички изнаоѓаме решенија како да ги привлечеме учениците од завршната година во основните училишта, своето образование да го продолжат во некое од средните стручни училишта во општината каде што живеат, а со самото тоа да им обезбедиме сигурни работни места. Дијалогот ни овозможува доближување на ставовите за иднината на учениците, и правилно насочување преку уписната политика за учебната 2022/2023 година“, нагласи заменик министерот Алиу.

Оваа учебна година беа отворени нови 97 дуални паралелки низ целата земја, во кои образованието го продолжија 1.400 учениците, што претставува огромен успех, ако се знае дека во минатото во државата функционираа само 11 дуални паралеки. Во  Гостивар функционира една паралелка за струката машински техничар.

„Бројот на дуалните паралелки треба да расте, и убеден сум дека тоа ќе се случи, затоа што оваа година анкетата меѓу компаниите покажа дека тие се заинтересирани во погоолем број да уѕчествуваат во процесот на практична обука на учениците во реална производствена средина. Од 400 анкетирани компании, над 90 отсто изразиле подготвеност за вклучување во дуалното образование“, потсети заменик министерот.

Градоначалникот Арбен Таравари пoтврди дека во Гостивар има зголемен интерес за дуалното образование и очекува вклучување на нови училишта и компании. Рече дека ова е убава идеја, а практичната работа не значи дека учениците само присуствуваат во производствениот процес туку помагаат во работењето и истовремено учат.

Наташа Јаневска од Стопанската комора на Република Северна Македонија укажа дека оваа иницијатива треба да продолжи затоа што само со успешна уписна политика за креирање кадар што е потребен на компаниите може да имаме економски развој.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена