Поврзи се со нас

Гостивар

Трибина на СДСМ во Гостивар: „Едно општество за сите е најдоброто што и‘ се случило на нашата држава“

Објавено

на

СДСМ денес одржа трибина со граѓаните во Гостивар, под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Потпретседателите на партијата, Оливер Спасовски и Венко Филипче пред присутните во обраќањата се осврнаа на проектите и инвестициите кои ги спроведувале во ресорите што ги водат, а упатија критики до опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Ова е континуитет на нашата комуникација, сакаме да ги слушнеме потребите на граѓаните, да ги вклучиме во политиките на носење на одлуките, затоа што не веруваме во наметната одлуки. Проблемите да се слушнат од граѓаните директно од терен, а  решенијата често доаѓаат токму и од граѓаните. Така работевме во Министерството за здравство и затоа имаме успеси. Ги зголемивме платите на специјалистите. Се помалку лекари сакаат да заминат во странство, лекарите специјализанти се многу подобро платени. Инвестиравме во болниците. После 70 години нашите пациенти имаат можност да добијат модерна здравствена заштита. Во Гостивар се реновираше хируршкото одделение, се купи новиот апарат за рентген, а за непол месец ќе добие магнетна резонанса. Сега слушаме дека ВМРО ДПМНЕ ќе се ребрендирале. Ќе станеле партија на сите граѓани. Не може ВМРО да биде партија за сите граѓани кога се синоним за поделба, волкот го менува влакното, но карактерот не го менува. Изборот е јасен – на едната страна е нашето одговорно транспарентно работење, на другата страна е ВМРО, партијата која штити криминалци и промовира насилство.“, нагласи Филипче.

Спасовски истакна дека концептот „Едно општество за сите“ може да биде пример за целиот регион.

„Ако погледнеме наназад овие 4 години ќе видиме дека имаме многу решени прашања, реализирани проекти, отворени врати во светот, почит кон луѓето, граѓаните.  Развивме свои концепции кои претставуваат иднина не само за нашата земја, туку за целиот регион. Гостивар е најдобар пример за она што го започнавме и градиме, концептот „Едно општество за сите“. Тој концепт е најдоброто нешто што се има случено на државата. Сите сметаа дека е осуден на неуспех, но напротив докажавме дека само така можеме да одиме напред. Со тој концепт секој еден се чувсвствува свој на своето. Кога зборуваме за инвестиции треба да кажеме дека 7 милиони евра се вложија во инфраструктурата на Гостивар и гостиварско, односно регионални и магистрални патишта околу Гостивар и општините. Што се однесува до ВМРО, јас не верувам, а и граѓаните не верувааат во новите концепти на ВМРО и Мицкоски. Како и со која боја можат да се прикријат 11 милијарди евра кои беа украдени од државата, со која боја ќе ја скријат Белата палата и раскошот, станаа партија побогата од партијата на Меркел и сега кажуваат дека ќе прават нешто во интерес на граѓаните.“, потенцира Спасовски.

На трибината зборуваа и  Фаница Николоска , пратеничка на СДСМ и – Хилал Беќири, членка на Извршниот одбор на ОО СДСМ Врапчиште.

„Се наоѓаме во најубавиот дел од нашата држава, не само по природните убавини туку и по луѓето, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби сите сплотени заедно. Гостивар е пример на соживотот, и на дело покажува дека концептот што го промовира СДСМ за едно општетсво за сите е успешен. Зборувајќи за реализирани проекти и мерки нагласи дека државата и во услови на пандемија покажа дека има капацитет да се справува со проблеми и предизвици кои доаѓаат ненадејно. Јасно е дека Гостивар е бастионот на СДСМ.“, рече Николоска.

Беќири одржа говор на македонски, албански и турски јазик. „Платформата и програмата на СДСМ „Едно општество за сите“ е авангарда во Западен Балкан, претставува решение за многу детсруктивни програми, истовремено е инвестиција за напредок и социјален развој.“, рече таа.

Пред почетокот на трибината ОО СДСМ Гостивар со раководството на партијата прошетаа низ Гостивар посетувајќи ја црквата Пресвета Богородица, не пропуштајќи ја можноста да ја пробаат и познатата гостиварска баклава.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 56 минути

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 15 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 15 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 18 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 20 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 21 час

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 21 час

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 22 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 22 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена