Гостивар
Трибина на СДСМ во Гостивар: Владата се грижи за стандардот на граѓаните, ВМРО одмага наместо да помага

Владините антикризни мерки, партиските политики, функционирањето на партијата на локално ниво, состојбите во општинскиот Совет, беа дел од темите на вечерашната трибина која ја организираше СДСМ во Гостивар, во Центарот за култура АСНОМ.
Пратеникот Драгољуб Филипоски се осврна на актуелната економска и енергетска криза нагласувајќи дека последици трпи цел свет, а Владата успеала да ги заштити граѓаните преку преземените мерки.
„Поради војната во Украина имаме светска економска и енергетска криза, а оваа Влада се грижи за стандардот на граѓаните. Прва во регионот воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните и тие мерки дадоа резултат. Пакетот од 26 мерки вредни преку 400 милиони евра го амортизираше и го ублажи ценовниот шок. Дел од мерките ќе се редизајнираат, а дел остануваат и се активни, особено субвенционирањето на струјата. Успеавме рекордно да ги зголемиме платите во образованието, детската заштита, здравството, во полицијата, а ќе следува и раст на платите и нивно усогласување со минималната плата во сите останати сектори.“, рече Филипоски, кој во дел од своето обраќање упати остри критики кон опозицијата.
„Додека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство презема мерки да им помогне на граѓаните за надминување на последиците од светската економска и енергетска криза, ВМРО предводено од Мицкоски во Собранието блокира, кочи важни закони, одмага наместо да помага. Во овие тешки времиња на граѓаните им требаат функционални институции и Собрание за да може да се носат ефикасни одлуки. Блокирање на процесот на Македонија е и барањето за предвремени избори. Среде економска криза да имаме избори и тоа во клучни моменти за нашата држава ќе ја закочи економијата за минумум 5-6 месеци. Во вакви услови тоа ќе предизвика огромна штета. Редовни избори ќе има во 2024-та година и тие избори ВМРО ДПМНЕ ќе ги изгуби.“, рече пратеникот.
Претседателот на СДСМ во Гостивар, Игор Велјаноски се задржа на состојбите и функционирањето на Општинската организација, потенцирајќи дека членството треба да се мобилизира и мотивира. „И оваа трибина е еден начин да се мобилизира членството, ме радува што го има во толку голем број вечерва. Како ново раководство ги увидуваме состојбите во општинската организација, разгледуваме кои се проблемите, анализираме и бараме начини како тие да се надминуваат, со заеднички сили“, рече Велјаноски.
Координаторот на советничката група на СДСМ во гостиварскиот Совет, Станиша Матески истакна дека во ова општинско тело, се во незавидна позиција и не можат многу да делуваат на одлуките кои ги носи локалната коалиција на власт АА и ВМРО ДПМНЕ.
„Односот во Советот со колегите советници иако е коректен и со голема доза на меѓусебно почитување, реалноста е таква што ние многу тешко можеме нешто да промениме кога се одлучува за одлука за која веќе има претходен коалициски договор“, рече Матески.
Советничката од редовите на СДСМ, Ема Нешковска во своето обраќање меѓу другото повика на единство и на поголемо активирање на младите во партискиот Клуб на млади.
„Сега не е време за кавги, за поделби, време е сите заедно сплотени да делуваме и да работиме. Апелирам особено до младите да бидат активни, јас и многумина од вас изразнавме со Клубот на млади на СДСМ и особено сум горда на се‘ што сме постигнале“, рече советничката.
На трибината во Гостивар присуствуваа и членови на партиските органи на централно ниво.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022