Вести
Трибина на тема Ментално здравје во Универзитетот Визион во Гостивар
Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар се вклучи во одбележувањето на Денови на психологијата 2018, организирани од Националната платформа на Комората на психолози на Република Македонија со цел унапредување на менталното здравје. Денес во просториите на универзитетот се одржа трибина на тема: Ментално здравје: кому да се обратам кога ми е тешко?, наменета за средношколците од гостиварските училишта.
Средношколците се запознаа со термините за менталното здравје, се промовираше работата на психологот и неговата дејност како чувар на менталното здравје. Исто така беа опфатени неколку теми од менталното здравје кои најмногу ги допираат адолесцентите. „Незнаењето и бесчувствителноста на карактеристиките на одреден период од животот, погрешни постапки, непрепознавање на раните знаци на одредени потешкотии, како и моралната конфузија може да донесе до загрозување на менталното здравје на младите. Кај младите се сѐ повеќе и повеќе присутни конзумирањето алкохол, дрога, цигари, пореметувања во исхраната, депресија, самоубиства, емоционални потешкотии и проблематично однесување.“, беше речено на настанот.
Предавачи на трибината беа лиценцираниот психолог и декан на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар доц. д-р Калина Сотироска Иваноска, Муедин Кахвеџи, доктор на психолошки науки и м-р Хава Шабани, професори на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар