Поврзи се со нас

Гостивар

Трибина на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: Да се обединиме за сите жени против семејното насилство

Објавено

на

„Да дадеме поддршка на сите жени и да кажеме НЕ на семејното насилство. Важно е да се обединиме за сите жени, без оглед на нациналната, верската, политичката  припадност“, порачаа учесниците на трибината што вечерва се одржа во Гостивар, а ја организираше општинската Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Активноста е дел од акцијата на УЖ – 16 дена активизам против родово базирано насилство, преку која треба да се сврти вниманието, да се подигне свеста и да се предизвика конкретна акција за елиминирање на сите форми на насилство врз жените и девојчињата.

„УЖ активно се вклучи во овие 16 дена активизам како на централно, така и на локално ниво, а нам ни припадна честа да организираме настан насочен кон борбата против семејното насилство. Целта е да ја подигнеме свеста кај жените, да го пријавуваат семејното насилство, да не молчат, затоа што насилство не може да се премолчи, тоа е хроничен процес, кој трае долго, не е еден ден или еден месец. Меѓутоа, за да жртвата се охрабри да пријави, мора да има поддршка, да верува во институциите и до неа како заштита да застанат многу жени. Поддршката од жена за жена е најголема, во таа поддршка жената ќе ја најде светлината во темниот тунел.“, изјави Анета Ќироска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.

Магдалена Веселиноска, социјален работник од Тетово и говорник на трибината подвлече дека на борбата против семејното насилство и пружењето поддршка треба да им се дава внимание силно и постојано.

„Не треба да застанеме само на тие 16 дена активизам против насилството, туку треба 365 дена целосно да се посветиме на борбата против родово базирано насилство врз жените и девојчињата. Жената треба да се охрабри да го пријави насилството, меѓутоа треба да се охрабрат и оние кои биле сведоци, да го пријават во најблиската полициска станица или Центар за социјална работа. Институциите се должни да реагираат по службена должност, на насилникот му изготвуваат решение, предлог мерки за заштита на жртвата.“, рече Веселиноска.

На трибината зборуваше и адвокатот Димитрија Димоски од Гостивар, кој акцент стави на правниот аспект на проблемот.

Симболично на влез, на присутните им беа подарени портокалови цветови, летоци, и чоколади со порака: „Не си сама“

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 час

Врнежи од дожд утре и во петок

Гостиварпред 3 часа

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 4 часа

Gostivarpress.mk домаќин на ученици-млади новинари од ООУ „М.К.Ататурк“

Гостиварпред 6 часа

Гостиварец задржан во полиција по пријава за напад врз сопругата

Македонијапред 6 часа

Уставен го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција

Вестипред 7 часа

Шојгу: Во „специјалната воена операција“ загинаа над 444.000 украински војници

Гостиварпред 9 часа

Демнат крадци! СВР Тетово советува: Заклучувајте ги автомобилите и не оставајте вредни предмети на седиштата

Македонијапред 9 часа

Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

Здравје и убавинапред 10 часа

Зошто е корисно редовно да се консумира киселото млеко?

Гостиварпред 1 недела

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 3 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 3 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена