Гостивар
Трибина на УЖ на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар во чест на Св.Климент: Да ги чуваме јазикот и идентитетот!

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар вечерва организираше под наслов ,,Минатото и аманетот отсликани во денешницата“ во чест и слава на Свети Климент Охридски. „Да се угледуваме на делата на големиот хуманист и просветител, да ги чуваме македонскиот јазик и идентитет“, порачаа учесниците на настанот.
“Се поклонуваме пред хуманоста, знаењето, пред заштитникот на Македонската православна црква, бдејач над македонскиот народ, Свети Климент. Со неговото големо дело со посебна вредност ги надмина претходниците, но и следбениците. Го славиме големиот хуманист, световен човек, затоа што „по таа земја растеа диви дрвја, а имаа нужда од облагородени плодови. Тој ги поучи човечките словенски души да го примат сокот на благотворението. Ни го подари писмото, како белег на нашиот идентитет. Македонија и Македонците низ столетијата поминале низ многу премрежја, секогаш со гордост и трпеливост, затоа што сме кротки, но одлучни, трпеливи, но непоколебливи. Тоа е нашиот културен код всаден од Свети Климент“, рече претседателката на УЖ, Анета Ќироска.
Пред присутните свое обраќање имаше и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
„Сте забележале дека последните 6 години нема настани од власта кои го слават идентитетот, јазикот, тоа го прави само ВМРО ДПМНЕ. Едно сигурно знам, никој не може да ја раскаже приказната за нас, ако не е раскажана на нашиот јазик. Јазикот се брани со вековна војна. Имаме генерации кои треба да научат кои се, кои се нивните предци, а за жал идентитетот и јазикот станаа тема на политичка расправа. Но, ние не се плашиме, се‘ додека има вакви собири ќе се зборува за нашиот идентитет и јазик. Тие можеби ги заборавиле своите баби и дедовци и решија да си го продават семејството, затоа што видоа дека немаат веќе што друго да продадат. Но, ќе дојде тој ден, ВМРО ДПМНЕ ќе победи, а со тоа ќе победи народот и ќе си го зачуваме идентитетот и јазикот“, кажа меѓу другото пратеничката.
На трибината имаше и видео презентација за ликот и делото на Свети Климент Охридски, како и музички изведби.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение