Гостивар
Трибина во Гостивар: „Имаме обврска да го продолжиме делото на Гоце Делчев!“

Пораки за зачувување на вредностите поставени од македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев и за почитување на неговото дело беа испратени на вечерашната трибина која се одржа во Гостивар. Настанот на тема: „120 години од смртта на големиот великан на Македонија, Гоце Делчев“ го организираше Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со Унијата на млади сили и Комисијата за култура.
„Во своето делување Делчев непрекинато работел на културно подигнување на македонскиот народ, негово ослободување, како и за слободна и независна Македонија. Одел од село во село, од град во град, се среќавал со многу луѓе, дел од нив му станале блиски соработници, дел од нив војувале заедно со него. Се борел со сите препреки и предизвици, се борел се заради една идеја, една мисла, а тоа било слободна и независна Македонија. За жал, денеска живееме во Македонија која е поразлична од таа за која својот живот го дал Гоце Делчев. За жал, имаме Македонија во која корупцијата цвета економијата тоне, образованието е уништено, здравството не функционира“, рече претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Гоце Димовски.
Професорката по историја Светлана Јовановска во своето обраќање меѓу другото нагласи:
„Гоце Делчев со своето дело и идеи е знаме во борбата на македонските генерации,безкомпромисен борец за самостојна македонска држава. Гоцевата традиција служела како патоказ во борбите на македонските прогресивни генерации против сите обиди да се сврти македонското дело на релации туѓи на неговата ослободителна епопеја. Гоце Делчев и денес е знаме и патоказ на генерациите. Една Гоцева изрека е ..прво треба да се образува народот па да се крене револуција”. Таа изрека жива е и денес. Македонските генерации треба да бидат образовани, да бидат современи со светските граѓани, да ја сакаат, почитуваат националната историја, историските национални дејци, да го сочуваат името и делото на Гоце Делчев, најголемиот идеолог на македонската посебност. Како генерации имаме обврска да го продолжиме делото на Гоце Делчев, на новите генерации, како што тоа го направија нашите предци. Знаме и патоказ Гоце Делчев ќе биде и на идните генерации!“
Пред присутните преку реферат, професорот по историја Горан Павлоски потсети на животниот пат и делувањето на Делчев.
„Првата чета на организацијата е дело токму на Гоце. Тој станува главен инспектор на четите, тој е контролор, помагач, решавач на проблеми, мотиватор. Тој е постојано на терен меѓу своите браќа и сестри по селата. Вели: “Селанството е нашата енергија и сила, ако тоа го разбудиме, ќе победиме”. Успева да ја рашири мрежата на Организацијата и до најмалите населени места. При една посета на битолскиот револуционерен округ на средба со војводите од леринско, воденско и костурско гледајќи го духот на борците им вели: “Браќа не размислувајте, ние уште од првиот ден кога се зафативме со оваа работа го поставивме пред олтарот на победата нашиот живот”, “Браќа не размислувајте за смртта, ако се плашите од неа вие веќе не сте револуционери”, “Браќа ако ви дојде смртта пред вас, со презир погледнете ја и победете ја”.“, подвлече Павлоски.
На трибината зборуваа и Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Андоновски, генерален секретар на Унијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?