Поврзи се со нас

Гостивар

Трибина во Гостивар: Како да се зачува менталното здравје на децата и тинејџерите?

Објавено

на

Менталното здравје на младата популација е под силен удар и многу од децата и тинејџерите страдаат од депресија, анксиозност и други слични загрижувачки состојби. Неопходно е да се подигнува свеста за важноста на менталното здравје, проблемите да не се кријат и да се бара помош од стручни лица. Ова беа главните теми на денешната трибина што се одржа во Гостивар посветена на менталното здравје кај децата и адолесцентите.

Истражување направено од Универзитетската клиника за психијатрија во соработка со УНИЦЕФ и СЗО покажало дека менталното здравје кај децата и младите е доста загрозено.

„Многу е зголемена појавата на депресија, анксиозност, самоповредување, насилство и слично. Зависноста од екраните, технологијата, е многу честа и предизвикува негативно влијание. Се‘ повеќе гледаме деца кои се социјално изолирани, затворени, кои не се дружат, некои одбиваат и да одат на училиште. Сето тоа што што треба да е својствено за младите недостасува заради зависност од интернет и тоа има голема рефлексија врз нивното однесување, емоционалниот развој, севкупно функционирање и секако влијае на нивната ментална состојба.“, подвлече д-р Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.

Психотерапевтот Вида Гаврилоска Бубало потенцираше дека неопходно е да се надминат трите најчести мита, заблуди, врзани со менталното здравје.

„Едниот мит е дека најчесто варијациите во менталното здравје, како што е нерасположеност, срамежливост, затвореност и други категории со самото одење на психолог, психијатар се врзуваат со ментална болест. Другиот мит е дека тие состојби се состојби што семејството најдобро може да ги реши и се‘ што се случува треба да остане во кругот на семејството. Ова е мит, затоа што родителите секако не можат се‘ да препознаат и да пружат соодветна помош. И третиот е дека луѓето се плашат од нешто што не е познато и го доживуваат како личен неуспех,  а никој од нас не е обучен да знае и да се справува со сето она што го носи животот во било кој период, како и во адолесценцијата.“, рече психотерапевтот.

Еден од говорниците на трибината беше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. „Има една изрека „Во здраво тело, здрав дух“ и во овој правец општина Гостивар често спроведува спортски активности за децата и младите, кои секако помагаат во насока на подобро ментално здравје. Организираме и семинари, работниници со стручните лица психолози во училиштата, за тоа како да се сочува менталното здравје кај децата, пособно кај средношколците“, рече Таравари.

Гостивар е еден од градовите во кои се одржуваат вакви трибини, а се организирани од страна на „Центарот за одржлив развој БИОМ“, како дел од „Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 5 часа

Зошто симптомите на настинка се влошуваат навечер?

Спортпред 5 часа

Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Гостиварпред 9 часа

На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Македонијапред 11 часа

Какви мерки ќе преземе Владата за високите цени на храната ќе се знае деновиве

Гостиварпред 11 часа

Ќе се избираат пет судии во Основен суд Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Оглас за избор на 47 јавни обвинители од кои 2 во ОЈО Гостивар

Светпред 13 часа

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Деца Родителипред 16 часа

Како да воспитате деца кои ќе сакаат да се дружат и да бидат блиски со вас кога ќе пораснат?

Спортпред 1 ден

Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена