Поврзи се со нас

Гостивар

Трибина во Гостивар: Сите да ги поддржиме болните од канцер, тие ја водат најголемата животна битка

Објавено

на

    Секој поединец да даде своја поддршка и емпатија кон луѓето заболени од канцер. Да го добиваат вниманието на околината и грижата која им е неопходна, додека ја водат најтешката животна битка. Ова беа дел од пораките упатени на вечерашната панел дискусија која се одржа во Гостивар, по повод 4 Февруари, Светскиот ден на борбата против ракот. Настанот го организираше Здружението When in Trouble, а говорници беа лекари специјалисти.

    „Нашето здружение се обидува секоја година барем еден ден да им посвети на овие пациенти. Да им покажеме дека не се сами и малку да ја подигнеме свеста за оваа најстрашна болест на денешницата. Не само медицински персонал и не само финансиска поддршка им е потребна, туку секој од нас може да им биде поддршка на болните од канцер. Потребно им е некој да ги сослуша, да соувствува со нив. Затоа, упатуваме апел секој од нас да обрне внимание, доколку има некој што се бори со оваа болест, да му биде поддршка, столб. Тоа се луѓе со чувства кои ја имаат најголемата битка во својот живот и мора да ги поддржиме.“, потенцира претседателката на здружението, Билјана Беловинова.

    Лекарите велат дека начинот на живот и секојдневните навики во однос на исхраната, физичката активност и слично, се фактори кои луѓето може да ги контролираат и со правилно постапување, да ги намалат ризиците од рак.

    „Одредени фактори не можеме да ги смениме, како што е полот, генетиката, местото на живеење, но можеме да развиеме навики на поголема физичка активност, здрав начин на исхрана, да не пушиме. Тоа не се само ризик фактори за канцер, туку и за кардиоваскуларни болести, дијабет и многу други заболувања. За жал, нашето искуство покажува дека луѓето многу малку го насочуваат вниманието кон превентивата и се обраќаат на лекар кога веќе е доцна, кога карциномот е во напреден стадиум, кога можностите за лекување се помали“, рече ендокринологот Слаѓана Максимоска.

    Медицинарите изразуваат надеж дека во блиска иднина ракот ќе биде поразена болест со вакцина за превенција.

    „Извикот „Да го победиме канцерот“ е поттикнат од изјавата на американската адиминистрација дека на повидок е епохалниот пронајдок за борба против рак, а тоа е вакцината, која фактички ќе го превенира канцерот, како што навремето беше епохален пронајдокот вакцината против туберкулоза. Целата планета е во очекување на овој пронајдок, цела деценија се најавува и веројатно веќе се гледа светло во тунелот и ќе го прогласиме канцерот како извојувана победа.“, подвлече хирургот Неџати Јакупи.

    На панел дискусијата свое обраќање имаше и радиологот Љубица Анастасиевска. Присутните имаа можност и да им поставуваат прашања на лекарите, да побараат мислења и совети, и да споделат искуства.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена