Гостивар
Триесетина пациенти во Гостивар секојдневно на дијализа, одбележан Светскиот ден на бубрегот

Млади медицинари денес на пункт на градскиот плоштад во Гостивар бесплатно им мереа крвен притисок и шеќер во крвта на граѓаните, по повод Светскиот ден на бубрегот, 9-ти март. Активноста ја организираше Центарот за хемодијализа Нефроплус со здружението Нефрон, со цел превентивна проверка и можност за советување за зачувување на здравјето на бубрезите.
„Го правиме ова превентивно, со цел да се утврди дали некој има покачување на вредностите на крвниот притисок и шеќер, па да се упати на натамошни проверки, прегледи за здравјето на нивните бубрези. Сакаме да им помогнеме на пациентите навремено да ги проверат своите бубрези, бидејќи може да се изгуби голем процент од ткивото на бубрезите пред да се појават првите симптоми. Ризик фактори се хроничните заболувања, висок шеќер, висок крвен притисок, голема телесна тежина и секако генетска предиспозиција.“, рече Дафина Стефанова, координатор на Центарот за хемодијализа во Гостивар.
Во Центарот секојдневно на дијализа доаѓаат по триесетина пациенти, а во текот на летото при престој на печалбарите во родниот крај бројката и се зголемува. Најмладите пациенти кои имаат потреба од дијализа се по триесетина години, додека најстариот околу 70.
Од Нефроплус информираат дека во текот на месецов планирано е да се отвори и нефролошка амбуланта во Гостивар. „Ова за пациентите ќе претставува големо олеснување, затоа што до сега ја немало и за одредени прегледи морале да патуваат во други градови. Во нефролошката амбуланта ќе работи специјалист доктор нефролог кој навремено ќе ги прегледува пациентите.“, вели Стефанова.
Во денешната активност учествуваа волонтери на Црвениот крст Гостивар и ученици од средното медицинско училиште.
Хроничната бубрежна болест е прогресивно губење на бубрежната функција во текот на неколку месеци или години. Се смета дека 1 од 10 луѓе има некој степен на хронична бубрежна болест. Човек може да изгуби и до 90% од бубрежната функција пред да се појават симптоми.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава