Гостивар
Тригодишно детенце со IQ од 142 стана најмлад член на Менса

Мухамед Кариз Наџим, тригодишник по потекло од Малезија, кој живее во Велика Британија „растури“ на тест за интелигенција и стана најмлад член на британската Менса. Детенцето добило покана за влез во меѓународна организација на луѓе со натпросечен коефициент на интелигенција, по тестирање со психолог и резултат на IQ од 142.
„Браво до Кариз за влезот во Менса. Јасно е дека станува збор за брилијантно младо дете и ние сме задоволни што стана дел од нашето здружение“, изјавил директорот на Менса.
За да се стане член на британската Менса, мора да се докаже коефициент на интелегинција каков што има само два проценти од населението во светот. Постојат тестови за возрасни и за деца под 10 години, кои одговараат на прашања од разни области: математика, логичко размислување, читање и др.
Мајката на Кариз, Нур Анира Асикин која е инженер рекла дека нејзиниот син е како „мини мозочна кутија“, и дека е многу љубопитен. „Сака да црта и да чита книги, обожава креативни активности и многу ужива кога пее“, ијавила таа.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо