Гостивар
Тринаесетгодишната Андреа од Здуње, најмлада учесничка во Горно Реканската коњаница

Во чест на големиот празник Илинден, традиционално се организира марш со коњаници, кои на 2-ри Август заедно слават во историско Крушево. Горно Реканската коњаница секоја година тргнува од живописното село Врбен, а годинава во своите редови има храбро младо девојче од гостиварско Здуње.
Тринаесетгодишната Андреа Данаилоска е најмладата учесничка во коњаницата и со гордост е дел од негувањето на овој обичај и зачувување на историските вредности.
„Желбата на Андреа да биде дел од коњаницата датира многу одамна од кога почна да осознава за историјата на Македонците, борбата и заложбите на нашите народни херои.
Во духот на патриотизмот облечена во комитска руба, таа храбро и облучно тргна по планинските патеки ,гори и шуми за да стигне до славното Крушево на Мечкин Камен. Гордите родители на Андреа се нејзината најголема поддршка и мотивација и со нивна дозвола и помош оваа најмлада учесничка војвотка македонска развиори на коњ храбро и горделиво заедно со другите учесници.“, велат од нејзиното блиско семејство.
За девојчето, јавањето коњ е преокупација и хоби, долго време вежбала јавање на коњ и одлично го има усовршено, за да оваа година и се исполни желбата и биде дел од коњаницата.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја