Македонија
Трите мавровски села на протест во недела – СТОП за урбаното дивеење и бетонирање на мавровскиот крај
Жителите од месните заедници од трите мавровски села Леуново, Никифорово, Маврово и населбата Маврови Анови за 10 октомври (недела), најавија протест како тие велат против урбаното дивеење, бетонирање, продавање на државно земјиште и националното богатство во мавровско.
Под слоганот „Спас за Маврово“ локалното население преку овој протест уште еднаш од општината ќе побараат решавање на многуте проблеми со кои се соочуваат: снабдувањето со вода, дивоградбите, локалните патишта, немолосрдното уништување на природата и загадување на езерото, како и средствата кои се слеваат во општинската каса од комуналните такси од овие села, пропорционално да се инвестираат во истите.
Протестот ќе се одржи на паркингот пред скијачкиот центар Маврово во 12 часот.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер