Македонија
Трката започна: Кој е најуспешен хотел, ресторан, туристичка агенција во Македонија?
Министерството за економија на Република Македноја отвори конкурс за доделување на Признанија за придонес во туризмот. Признанија ќе бидат доделени во повеќе категории и тоа:
Нaјуспешен Хотел во поткатегориите: спа, планински, езерски, градски и нова инвестиција, Најуспешен Ресторан, Најуспешен Сместувачки капацитет од физичко лице, Најуспешна Туристичка агенција, Најуспешна Туристичка агенција за дојдовен туризам, Најуспешна Манифестација од областа на туризмот, Најдобар Туристички водич и Најдобар реализиран Проект од областа на туризмот.
Право да предложат кандидати за награди имаат институции, претпријатија, здруженија на граѓани, коморите, општините, група граѓани или поединци. Предлозите се доставуваат писмено на адреса на Министерството за економија, а рокот трае до 9 септември.
„Признанијата ќе бидат доделени на традиционалната свеченост по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември. Наградата е нематеријална и има за цел да почит на сите поединци, здруженија на граѓани и претпријатија кои изминатата година дале свој придонес кон растот и развојот на туризмот во Република Македонија ги потврди добрите практики на сите чинители во туризмот во земјата.“, соопштија од Министерството за економија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград