Вести
Трпезата на Етно вешта жена во Гостивар посветена на славата Св.Архангел Михаил

Гостиварки синоќа се дружеа и забавуваа спојувајќи ја традицијата и вкусната храна на годинешното издание на манифестацијата Етно вешта жена. Петнаесетина вредни жени учествуваа во подготовката на трпезата, која беше тематска во чест на престојната слава Св.Архангел Михаил. Специјалитетите беа подготвени по старински рецепти кои умешните гостиварки ги научиле од постарите генерации.
„Многу сме задоволни од посетеноста и интересот за манифестацијата. Годинава имаме славска трпеза со многу вкусни јадења, солени, слатки, секакви специјалитети наменети токму за една богата трпеза за слава, како што налагаат традициите“, изјави Мирјана Србиноска, од здружението Вешта жена-Гостивар
Годинава и десетина девојчиња беа дел од манифестацијата Етно вешта жена. Тие се вклучија со интересни изработки од пластелин, а за својот труд и посветено време ќе добијат награда еднодневна екскурзија.
Манифестацијата Етно вешта жена се организира со цел помладите генерации да се потсетат и поттикнат да подготвуваат јадења по традиционални рецепти кои се пренесуваат во семејствата со генерации.
Караванот на Етно вешта жена продолжува низ другите градови во Македонија.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден