Поврзи се со нас

Гостивар

Трудниците во Гостивар стравуваат од ковид – наместо паника, треба превенција, велат лекарите

Објавено

на

Ризиците по здравјето од коронавирусот се повисоки кај бремените жени. Тие заедно со хронично болните и повозрасните, спаѓаат во ранливите категории. Тоа значи дека се поподложни на компликации и посериозни здравствени проблеми.

Сето тоа придонесува за страв и паниката кај трудниците од ковид пандемијата.  Од гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница потврдуваат дека голем дел од бремените жени стравуваат да не го добијат вирусот. За среќа, во Гостивар досега нема многу корона меѓу идните мајки. Биле потврдени само два случаи.

„Паника секако постои, бремените жени се со послаб имунитет и се поизложени на ризик од било какви вируси, а да не зборуваме за ковид 19. До сега, до нас се обратиле две пациентки, кај кои потоа беше потврден ковид. Тие имаа температура и други симптоми, не беа хоспитализирани на нашето одделение, туку веднаш препратени на клиниката во Скопје, каде имаат посебен протокол. Таму им беше потврден вирусот. Имавме и неколку случаи со пациентки во нашето одделение, сомнителни, кои беа изолирани и тестирани, но кај нив за среќа резултатите беа негативни“, вели  д-р Агим Јакупи, раководител на гинеколошко-акушерско одделение во Гостивар

Наместо паника, треба превенција, порачуваат лекарите. Во одделението постои советувалиште за млади родители. Тука може да се добијат најразлични совети и корисни информации околу бременоста, породувањето, па и заштитата од ковид. Стручните лица велат најважно е да се зајакне имунитетот и да се почитуваат општите антикорона мерки.

„Во ова советувалиште бесплатно може да ги добијат сите совети и се тоа е во корист на здравјето на идните мајки и на бебињата. Секако, прво и најважно во однос на заштитата од ковид е почитување на препораките кои се од Светската здравствена организација, носење маска, растојание, хигиена и намалување на контактите“, нагласи д-р Јакупи.

Инаку, од почетокот на оваа година, до денес во болницата во Гостивар родени се 399 бебиња.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 1 час

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 3 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 6 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 7 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена