Македонија
Цело семејство завршило во болница по несреќа на патот Дебар-Маврови Анови

Околу 16 часот попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Дебар – Маврови Анови, кај бензинска станица во атарот на селото Ростуше. „Во несреќата учествувале „мерцедес“ со тетовска регистрација, што го управувал 46 годишен жител на Голема Речица и камион МАН исто така со тетовска регистрација, управуван од 43 годишно лице од селото Челопек. При тоа возачот на мерцедесот, неговата сопруга и четири малолетни деца кои биле во возилото, се здобиле со повреди“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Повредените биле пренесени во дебарската болница, од каде децата ќе бидат префрлени на скопските клиники, мајката во клиниката во Тетово, а таткото ќе биде пуштен на домашно лекување. Поради увид на местото, патот Дебар-Маврови Анови беше целосно затворен за сообраќај неколку часа, а сега возилата се пропуштаа наизменично.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!