Вести
Целосно реновирање – во гостиварското техничко училиште се работи турбо
Средното техничко училиште во Гостивар, во септември ќе ги пречека учениците во обновен објект. Станува збор за проект, „тежок“ над 380 илјади евра, со кој ќе се реновира една од училишните згради. Работите се веќе започнати, а реконструкцијата ќе се изведува во три фази. Финансиските средства се обезбедени преку Министерството за образование.
„Ќе се реновираат сите училници со нови прозорци, врати, подови, како и тоалетите, холот и влезот на училиштето. Целосно ќе се обнови спортската сала заедно со соблекувалните и туш кабините. Ќе бидат опфатени канцелариите од управата, администрацијата, стручната служба и наставничката канцеларија“, информира пом. директорот на училиштето, Анѓелина Нофитоска.
Од училишната управа велат дека посебен акцент во иднина ќе биде ставен на кабинетската настава. До сега, во таа насока беа реновирани и опремени кабинетите по електроника и телекомуникации, по козметика и по физика. Во стариот дел пак на училиштето беше извршена замена на прозорците и вратите и реновирање на тоалетите.
„Сите зафати и проекти ги спроведуваме со цел подобрување и унапредување на условите за учениците и професорите“, потенцира Нофитоска.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди