Вести
Црквите во гостиварско повторно на мета на крадци
- Зачестија кражбите во цркви на гостиварското подрачје. Полицијата регистрира два нови случаи.
Засега непознати сторители синоќа извршиле тешки кражби во цркатата „Свети Петар и Павле “ во Долна Бањица и „Свети Ѓорѓија“ во Здуње.
Во црквата во Долна Бањица влегле внатре, откако насилно ја отвориле споредната влезна врата, отстранувајќи го пластичниот дел од истата,. Од местото за продажба на свеќи одзеле околу 500 денари. Ја отвориле и влезната врата од помошниот објект на црквата, но таму ништо не одзеле.
Кражбата е фотодокументирана, пронајдени се и подигнати траги за вештачење и се преземаат активности за откривање на сторителите, соопштуваат од полицијата.
Ноќеска, исто така, непознати сторители насилно провалиле и во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Здуње. Најпрво го отстраниле катинарот од металната заштитна решетка, потоа ја скршиле цилиндер бравата од двокрилната, дрвена влезна врата и по пребарувањето на внaтрешноста на објектот од масичка за продажба на свеќи одзеле околу 500 денари во разни апоени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди