Поврзи се со нас

Култура

Цркви, џамии, стари куќи во Гостивар и селата опфатени во проекти на Конзерваторскиот центар

Објавено

на

Црквата „Свети Димитрија“ и медресето во градот, џамии во селата Симница и Равен, традиционални куќи во селото Бродец…Ова се дел од објектите од културното наследство на поширокиот гостиварски регион, кои се опфатени во програмата за работа на Конзерваторскиот центар во Гостивар. Зафатите за нивна реставрација и конзервација значат трајна заштита на културното богатство и отвораат можност за нивна промоција пред посетители и туристи.

Џамијата во Симница е стара околу 120 години, а со проектот првично се предвидува да се заштити кровната конструкција на овој објект. Таму деновиве во посета беше министерот за култура Хусни Исмаили.

„Старата џамија има своја вредност и не треба да биде заборавена, ниту од граѓаните, ниту од Министерството. Затоа и го поддржуваме овој проект, кој првично предвидува реконструкција на кровот, со оглед дека од таму потекнуваат другите проблеми, како протекување, оштетување на ѕидовите и слично. Понатаму, ќе се опфатат и прозорците и подот“, рече Исмаили.

Ва црквата „Свети Димитрија“ проектот за реставрација на покривот целосно заврши, исто како и обновата на фасадата на медресето. Планирани се и други значајни проекти, кои ќе се реализираат откако ќе се заокружат административните и тендерските процедури.

„Чекаме проектите да ја поминат стручната контрола и да бидат отворени тендерите. Тука би ги споменал реставраторските работи на Беговата куќа, џамијата и калето во Равен и други.“, изјави Илбер Зулфиќари, директор на Конзерваторски центар Гостивар.

Конзерваторски Центар во Гостивар ги спроведува овие активности под мотото ”Да ја изградиме иднината со зачувување на минатото”

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена