Поврзи се со нас

Вести

Црна 2016-та: Десет жртви во сообраќајки во Гостивар

Објавено

на

2016-та за Гостивар е црна година во однос на последиците од сообраќајни несреќи. На патиштата во гостиварскиот регион, лани, двојно се зголемил бројот на жртви, во однос на претходната година. Животот во сообраќајки го загубиле дури 10 лица.

Според статистиката од Секторот за внатрешни работи во 2016-та, регистрирани се вкупно 267 сообраќајни несреќи или за околу 5% помалку од 2015-та година. Сепак, сериозните исходи и зголемениот број на човечки жртви, го подигнува нивото на  загриженост.

Покрај изгубените животи, имало и многу повредени, вкупно 186 лица. Најголемиот број и од ланските сообраќајни несреќи се случиле на гостиварските градски улици, потоа на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, магистралата Гостивар-Кичево и околните регионални патишта. Најчеста причина за несреќите, особено за оние со најтешки последици, повторно е пребрзото возење. Така било при 77 сообраќајки.

Полицијата лани бележи и двојно повеќе прекршоци во сообраќајот.  Во редовни и акциски контролни активности биле откриени 9.630 прекршоци. Во 2015 година ги имало 4.309 прекршоци.

Најголемиот број од прекршоците биле законски санкционирани со изготвување на 5.154 мандатни и 4.476 прекршочни платни налози. За 3.642 возачи биле  изготвени  барања за прекршочна постапка, додека на 940 прекршители им биле впишани негативни поени.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена