Вести
Црна сабота за Гостивар: Повредени три деца во несреќи и пожар
Три дечиња од гостиварскиот регион завршиле со тешки телесни повреди на клиниките во Скопје денес. Црна сабота за Гостивар.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи утрово околу 10 часот, во гостиварската населба Грудаица, со возило било удрено седум годишно дете кое управувало велосипед. Од ударот детето се здобило со скршеница на десната нога и повреди по лицето. По укажаната лекарска помош во гостиварската болница, било префрлено во Скопје. Возачот на возилото кое го удрило детето, побегнал од местото и по него се трага.
На клиниките во Скопје со сериозни повреди било пренесено и петгодишно девојче од долнореканското село Врбјане. Тоа се здобило со изгореници по рацете, нозете и телото во пожар кој избувнал во семејната куќа, денес околу 15.45 часот. Со интервенција на пожарникари од Дебар, огнот бил локализиран. Здравствената состојба му се влошила и на 34 годишниот татко кој бил згрижен во болницата во Гостивар. Причините за пожарот се утврдуваат.
Третиот немил настан се случил во Гостивар, на ул„Браќа Блажевски“ околу 16.10 часот. Тригодишно девојче паднало од прозорец на подпокривот од куќа. Од падот на бетонска подлога, девојчето се здобило со повреди. Во свесна состојба најпрво било однесено во гостиварската болница, а потоа префрлено на скопските клиники.
-
Гостиварпред 18 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград