Здравје и убавина
Црницата прави еден куп добрини за нашето здравје

Порано секојдневно го јадеа сите деца, а во денешно време за жал, ова овошје е малку подзаборавено. Да се потсетиме на сите делотворни дејства кои црницата ги има за организмот. Можеби тоа ќе биде поттик, за да почнеме повеќе да ја јадеме и да им ја вметнеме во исхраната на најмалите. Треба да се потенцира дека плодот од црницата се јаде само кога е сосема зрел, зашто недозреаните плодови може да предизвикаат халуциногени дејства.
Изгледот на црницата потсетува на поголема, издолжена капина. Постои бел и црн плод, кој и во двата случаи е многу сочен и вкусен. Содржи лимонска и јаболкова киселина, витамини Ц, Б, К, А и Е, железо, калиум, манган и магнезиум, пектини и други корисни материи.
Помага против уринарни инфекции, болести на усната шуплина и грлото, но и состојби како епилепсија, депресија, несоница или вртоглавица. Многу позитивно влијае врз здравјето на очите, односно за подобрување на видот. Исто така, црницата е корисна и за закрепнување после операции или намален имунитет, со оглед на тоа што го забрзува заздравувањето и ја подобрува циркулацијата. Треба да се знае дека е и моќен чистач на црниот дроб, а може да помогне и за намалување на крвиот притисок.
Освен плодот, од црницата може да се користи и листот. Тој има улога во регулирање на шеќерот во крвта, а се употребува со додавање во чајна мешавина.
Белата црница најчесто се употребува во козметиката, за избелување на кожата и отстранување на дамки. Освен тоа, добра е и во борбата против артритис како и за опуштање на организмот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош