Поврзи се со нас

Свет

Турција ја доби првата нуклеарна централа, нова ера во енергетскиот сектор на земјата

Објавено

на

    Турција на 27 април ја пушти во употреба првата нуклеарна централа „Акују“ изградена во јужната провинција Мерсин. Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека првата турска нуклеарна централа „Акују“ со испорака на првото нуклеарно гориво официјално доби статус на нуклеарен објект, прв во историјата на Турција.

    За време на своето обраќање преку видео порака на церемонијата на првата испорака на нуклеарно гориво во „Акују“, Ердоган истакна дека Турција влезе во лигата на земји со нуклеарна енергија во светот, но со задоцнување од 60 години, колку што сонот за првата нуклеарна централа во таа земја траеше.

    Електраната, која се очекува да има инсталирана моќност од 4.800 мегавати и четири реактори, целосно е во руска сопственост. Руските инженери од Росатом ја проектираа, финансираа и изградија, тие и ќе ја работат дури и демонтираат по експлоатацијата на централата после 60 години.

    Договорот за изградбата на оваа централа беше потпишан во 2010 година, но изградбата започна во 2018 година, бидејќи Турција имаше многу противници на оваа идеја. Соседните Кипар и Грција протестираа тврдејќи дека е ова опасна нуклеарка. Одлучно протестираше и Европската унија која бараше од Турција да се откаже од проектот со објаснување дека подрачјето каде се гради е сеизмички активна зона.

    Во договорот е дефинирано Русија да ја снабдева централата со нуклеарно гориво и истото ќе го презема за преработка, а Турција се обврзува да ја купува електричната енергија по фиксна цена во наредните 25 години. На тој начин Русија и Турција постигнаа крупен договор кој ќе ја засили не само економската туку и политичката соработка, поради што Европската унија најмногу се противеше. Што се однесува до сеизмолошките ризици инженерите потенцираа дека својата прва проверка „Акују“ ја помина во неодамнешниот катастрофален земјотрес кој го погоди јужниот дел на Турција, од која излезе апсолутно неоштетена.

    Фабриката ќе произведува 35 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно и ќе задоволи околу десет отсто од потрошувачката на електрична енергија во Турција.

    Електричната енергија генерирана од топлината на прачките за гориво ќе биде еквивалентна на енергијата добиена од 124.500 вагони со јаглен, спречувајќи вкупно 2,1 милијарди тони емисии на јаглерод во текот на 60-годишниот век на работа на централата.

    Рускиот претседател Владимир Путин го пофали лидерството на Ердоган пред клучните избори во земјата на НАТО.

    „Претседателот лично посветува големо внимание на проширувањето на руско-турските односи“, рече Путин на пуштањето во употреба на руската нуклеарна централа во Турција и додаде „Убедени сме дека блиската соработка и партнерство меѓу Русија и Турција ќе бидат заемно корисни. ”

    Турција има во план да изгради уште две вакви нуклеарки Синоп во близина на истоимениот град на Црно Море и Игнеада исто на брегот на Црно Море на границата со Бугарија.

    Проектот вреден 20 милијарди долари ќе и овозможи на Турција да се приклучи на мал клуб на нации со цивилна нуклеарна енергија, со што ќе ја намали зависноста на земјата од повеќе аспекти.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена