Вести
Турција поднесе барање за членство во БРИКС

Република Турција официјално побара членство во групата БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат извори.
– Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку истовремено ги подобрува односите со Истокот и Западот. Секој друг метод нема да има корист за Турција, туку ќе и наштети, изјави Ердоган за време на викендот.
Турција, која е НАТО членка од 1952 година и преговара за членство во ЕУ од 2005 година, смета дека пристапувањето кон БРИКС е можност за подобрување на економските врски со Русија и Кина и позиционирање како трговски центар меѓу ЕУ и Азија. Земјата, исто така, се обидува да привлече инвестиции од кинески производители на електрични возила, потенцијално користејќи ја својата царинска унија со ЕУ за да го зајакне пристапот на пазарот.
Групата БРИКС се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија, Египет, Саудиска Арабија е поканета да се приклучи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос