Поврзи се со нас

Вести

Турција се согласи Финска да влезе во НАТО, не и Шведска

Објавено

на

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ратификацијата на членството на Финска во НАТО ќе биде завршена до претседателските избори во Турција, но тоа не може да го потврди за Шведска.

  • Бевме принудени да го разгледаме членството на Финска одвоено од Шведска бидејќи таму нема манифестација на тероризам како во Шведска. Се надевам дека целиот процес на ратификација ќе биде завршен пред изборите – рече тој.

Како што појасни, Турција не може да каже „да“ за членството на Шведска во НАТО доколку официјален Стокхолм не застане на страната на Анкара во борбата против тероризмот.

  • Тероризмот за нас е црвена линија. Ние немаме посебни односи со Шведска, но Стокхолм ги прифати терористите. Курдистанската работничка партија организира демонстрации на улиците на Стокхолм. На Швеѓаните им врачивме список од 120 терористи и побаравме нивна екстрадиција. Премиерот на Шведска е добар човек, но не ни ги предаде терористите – рече Ердоган.
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена