Поврзи се со нас

Вести

Турција слави 100 години од основањето на Републиката

Објавено

на

Во Република Турција денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29-ти Октомври, Денот на Републиката и 100 години од прогласувањето на Република Турција.

Како што јави Анадолија, Денот на Републиката се одбележува низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмараш.

Делегација предводена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска по повод 29-ти Октомври го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

По тој повод беше интонирана националната химна и положено цвеќе. Турскиот претседател потоа остави порака во Книгата на впечатоци.

„Се обидовме правилно да ја заштитиме вашата доверба за време на нашето 21-годишно владеење, чијшто секој момент го поминавме служејќи на нашата земја и нација. Нашата република е побезбедна од кога било досега, во сигурни и компетентни раце“, напиша Ердоган.

Националниот празник, Денот на Републиката во Турција се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Турција во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Турција.

Еден од најголемите национални празници се обележува со низа пригодни манифестации низ целата земја, вклучително и положување венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 3 недели

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Спортпред 15 минути

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена