Македонија
Турците не го признаваат пописот: Повредени се правата на турскиот народ!

Националното координативно тело за Пописот на Турскиот народ во РСМ, (каде што се зачленети турски невладини организации, политички субјекти од турската заедница, истакнати турски интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница во земјава) соопшти дека не ги признава резултатите од Пописот, образложувајќи дека во процесот имало низа пропусти и проблеми.
„Со започнувањето на пописот, будно ги следевме случувањата на терен. На секоја платформа јасно ставивме до знаење дека пописот го сметаме за надпартиско прашање, исто така ја потенциравме важноста, вредноста и ефектите од процесот на попис на населението, што е од витално значење за нашата иднина како држава. Во текот на процесот многу пати го изразивме нашето незадоволство околу методологијата, недостатоците при пописот, недоволен број на турци попишувачи и инструктори, прекини и со денови нефункционирање на апликацијата за попишување во земјава и во странство, проблемите со преводот и недостатоците во софтверот, недоволна информираност на населението за пописот, притисоците и манипулациите на терен и фактот дека многу наши граѓани не се избројани односно попишани. За горенаведените проблеми, пропусти и забелешки беа информирани сите надлежни институции, органи и претставништва на странски мисии во нашата држава. Нашите барања беа занемарени и игнорирани. Ваквиот пристап на надлежните институции го засенија целокупниот пописен процес. Доколку беа земени предвид нашите барања и забелешки согласно Уставот и законите, првично од Државниот завод за статистика, ќе беа решени повеќе од горенаведените проблеми и пропусти. За жал овој Попис ќе се памети како занемарен од надлежните институции со многу неодговорени прашања и игнорирање на нашите барање. Од горенаведеното може да се заклучи дека се повредени правата на турскиот народ кој е еден од државнотворните народи на РСМ и еднаков со другите.“, се вели во соопштението.
Од телото понатаму посочуваат дека при Пописот биле повредени повеќе права гарантирани со Устав:
„Повредени се следниве Уставни одредби: Член 8 ставовите 2 (слободно изразување на националната припадност), 3 (владеењето на правото) и 11 (соодветна и правична застапеност на граѓаните), член 9 ставовите 1 (Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата) и 2 (Граѓаните пред Устав и законите се еднакви), член 48 ставовите 1 (Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници…) и 2 (Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници), член 50 став 3 (граѓаните имаат право да бидат запознаени со човековите права и слободи), член 52 став 2 (секој е должен да ги почитува уставот и законот).
Од Законот за попис 2021 повредени се следниве законски одредби: Член 16 (Државниот завод за статистика се грижи за законитоста во подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот во согласност со одредбите од овој закон и врши надзор над работата на лицата – учесници во Пописот), член 30 став 6 (При изборот на попишувачите и реонските инструктори ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во пописниот реон) и член 34 ставовите 1 (Апликацијата со која ќе се врши попишувањето ќе биде изготвена на 7 (седум) јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.) и 2 (Попишувањето се врши на јазикот што го избира лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците.)“.
Координативното тело нагласува дека објавените резултати и проценти не ја претставуваат вистинската слика на турскиот народ во земјава, односно дека бројките и процентите се потценети.
„Кога ќе се споредат нашите податоците од различни населени места каде што живеат Турци со објавените податоци се воочува огромна разлика помеѓу податоците. Согласно горенаведените факти турскиот народ во РСМ под никакви услови не ги признава пописните бројки и проценти. По оддржаниот состанок на Националното Координативно Тело за Пописот на Турскиот Народ во РСМ, објавените бројки и проценти за турците во пописот ги означуваме за нереални и ја информираме јавноста дека не ги признаваме резултатите и истите не ги прифаќаме. Нагласуваме дека во врска со пописните резултати максимално ќе ги искористиме сите законски и демократски права, и приговори во наредниот период“, стои во соопштението.
Отворени огласи за вработување:

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Пронајдена дрога, приведени пет лица во Гостивар

Во Гостивар приведено лице за издржување затворска казна

Државни субвенции за рурален туризам

Делегација на СПЦ преводена од патријархот Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Високи температури и повремена нестабилност на времето во деновите што следат

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?