Поврзи се со нас

Македонија

Туристичките капацитети во земјава полни, се очекува прилив од 530 милиони долари

Објавено

на

Туристичкиот сектор е вратен на нивото од 2019 година и постигнува уште подобри резултати. Тоа го покажуваат најновите податоци, за јуни и јули. Капацитетите во земјава, посебно во Охридскиот регион, се полни, престојот на странските туристи е се подолг и нивната просечна потрошувачка изнесува 85 – 95 долари. Девизниот прилив е значително зголемен и ако остане ваква состојбата, ќе ги постигнеме предвидените 530 милиони долари промет во 2023 година, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Како што истакна Јаневски на средба со новинарите, со ваков континуиран раст се оди кон целта за 2025 година – реализирање 3,7 милиони ноќевања и 600 милиони долари или повеќе од четири отсто во БДП.

Тој напомена дека поради политичката состојба годинава е намален бројот на бугарски туристи кои во 2019-та биле меѓу „топ 5-те“, па ќе треба да се надоместат околу 75 000 – 100 000 ноќевања. Ваквиот „минус“ ќе се амортизира со зголемениот број туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција и Словенија.

Најголем пазар засега е турскиот, истакна директорот, со зголемување на бројот на туристи за 66 отсто, а потоа е српскиот со раст од 30 проценти. Но, Северна Македонија, како дестинација е атрактивна и за гостите од БиХ, Холандија, Обединетото Кралство и Полска кои од мај и јуни веќе пристигнуваат со поголем број чартер летови.

-Прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19 отсто повеќе од 2022 година или 41 процент повеќе од 2019 година. Toa не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања. Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања. Во овој момент капацитетите во  Охридскиот регион се полни над 90 отсто, и во приватното сместување и во хотелските комплекси, а заокружени се и букирањата до средината на октомври, истакна Јаневски.

Според него, во земјава нема намалување ниту на домашните турсти што е голем успех ако се земе предвид дека по КОВИД пандемијата повеќето граѓани сакаа да излезат надвор од државата. Јаневски очекува падот на домашните туристи годинава да не биде поголем од 5 отсто.

Анализите покажуваат дека скок на гости во првите пет месеци 2019/2023 година се бележи кај турските, романските и српските туристи, како и кај остварените ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и на остварени ноќевања, приближувајќи се до 530 милиони долари девизен прилив.

Како што оцени Јаневски, годинава македонскиот туризам сe соочува и со намалување на бројот на албански и косовски туристи кои патуваат во други дестинации. Сепак, враќање на резултатите од 2019 година за овие и за бугарските туристи се очекува во втората половина на 2023 година.

Согласно последните истражувања, во домашната туристичка индустрија се вработени  меѓу 30 000 и 33 000 лица зависно од сезоналноста, што е околу пет отсто од вкупниот број  вработени во македонската економија.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 4 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 4 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 6 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 8 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 9 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 10 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 11 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 12 часа

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 13 часа

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена