Вести
Туристите за влез во Венеција ќе плаќаат по 5 евра

Венеција следната година воведува влезна такса за туристи од пет евра на ден. Целта е обид да се управува со протокот на туристи привлечени од историските канали на овој познат град во северна Италија, соопшти Градското собрание.
„Сите посетители постари од 14 години ќе треба да платат влезница. Намерата е ново урамнотежување меѓу правата на оние кои живеат, студираат и работат во Венеција и посетителите на градот. Ова не е потег за заработка на пари… Надоместокот ќе ги покрие само трошоците за водење на програмата. Точните датуми на планот и како ќе се реализира ќе бидат договорени по конечното одобрување во Градскиот совет, коешто се очекува следната седмица“, изјави Симоне Вентурини, туристички советник на Градот Венеција.
Надоместокот пробно ќе се применува вкупно 30 дена следната година, пред сѐ за време на пролетните празници и летните викенди кога има најмногу туристи.
Планот што се разгледува од 2019 година, беше одложен поради корона-пандемијата, а подоцна и од технички и процедурални причини.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!