Поврзи се со нас

Рецепти

Туршија- кралицата на есента и кисело уживање

Објавено

на

Сигурно многупати сте слушнале колку е здраво да се конзумираат ферментирани намирници, настанати со природно вриење. Тие содржат пробиотички култури, кои се состојат од многу врсти корисни бактерии. Добрите бактерии се населуваат во нашите црева и ја создаваат цревната микрофлора.

Септемвриските денови домаќинките ги посветуваат на подготовка на зимниците, а туршијата е неизоставен дел. За подготовка на туршија е многу важно да се одберат задрви, свежи и неоштетени плодови. По ваша желба и ваш вкус, набавете жолти пиперики, зелен домат, краставици, морков и карфиол.

Ја одржува здрава цревната микрофлора

Цревната микрофлора е жив систем, кој се состои од добри и лоши бактерии. Лошите бактерии можат да го надваладеат имунитетот и да создадат големи тегоби. Нарушената рамнотежа на микроорганизмите, постепено може да се подобри со додавање на ферментирани намирници во исхраната. На тој начин, повеќе ќе преовладуваат добрите бактерии, кои ќе ја штитат надворешноста на цревата.

Го забрзува метаболизмот

Ако сакате да изгубите неколку килограми, секако јадете туршија, бидејќи таа го забрзува метаболизмот, лесно се вари, содржи малку калории и ве заситува. Поради големата содржина на влакна, ферментираните намирници го зголемуваат капацитетот за работа на цревата. Ги намалуваат тегобите кај лица кои не поднесуваат лактоза, бидејќи делумно ги разработуваат цревата. Воедно и го ублажуваат синдромот на иритирани црева.

Го регулира крвниот притисок

Ферментираните производи можат да имаат влијание и на крвниот притисок, на тој начин што доколку е премногу висок, тие го смалуваат. Научниците сметаат дека играат улога на спојки, слични на пептидите. Тие спојки се формираат во текот на ферментирањето на намирниците.

Рецепт за подготовка

Состојки:

Зелен домат

Корнишони

Морков

Карфиол

Пиперки

4 главици лук

3 корени од рен

Целер

20 гр. сенф во зрна

400 гр. сол

10 л. вода

Гранка винова лоза

Подготовка:

Количината на зеленчук не е одредена, а можете да искоритите толку зеленчук, колку што ќе собере вашето буре и да одберете зеленчук што го преферирате. Избере здрави плодови, исчистите ги и измијте ги добро. Карфиолот искинете го на крупни делови (цветови), доматот избушете го со вилушка на две – три места, а пиперките засечете ги во вид на крст, на врвот. Разделете ги чешнињата лук, но немојте да ги лупите.

Редете го зеленчукот во буре, така што ставате од се по малку. Посипете го со семките од сенфот и покријте го со листовите од целерот.

Подгответе ја саламурата, која што е најважен дел во правењето на туршија – помешајте 10 л вода и 400 гр сол во сад и мешајте додека не се раствори. Посипете го зеленчукот со готовата саламура, за добро да се покрие.

Направете обрач од гранчето винова лоза и ставете го преку зеленчукот. Оставете ја туршијата три дена и немојте да ја отворате. После три дена преточете ја течноста, еднаш дневено, додека туршијата не биде подготвена.

Туршијата ќе биде готова за две недели.

После тој период, растворете козерванс во саламурата.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена