Здравје и убавина
Туршијата – витамински бунар

Домашната туршија и киселата зелка приготвени по традиционален рецепт се вистински извор на здравје. Имаат едноставна подготовка, а возвраќаат со многу бенефити по нашето здравје: зеленчукот убаво измиен се прелева со течност (сол, шеќер, оцет и вода) и се остава да стаса. После некое време благодарение на процесот на вриење на шеќерите се добива голем витамински бунар богат со лактобацили, млечна киелина, витамини, минерали, дигестивни ензими и други органски киселини. Во живата туршија и киселата зелка има огромни количини на пробиотици кои прават чуда за метаболизмот, а во комбинација со диеталните влакна, кои исто така ги има во туршијата, делуваат превентивно врз дигестивниот тракт и штитат од повеќе заболувања.
Во крцкавите кисели зеленчуци има огромни количини на витамините Ц, К и Б комплекс. Кога нема свежо овошје и зеленчук, туршијата претставува незаменлив зимски извор на витамини. Од минералите, значителни се количините на калциум и магнезиум.
Како единствена мана на туршијата се смета големата количина на сол што се користи во подготовката, што може да има негативен ефект кај луѓе со хипертензија. Токму затоа се препорачува пред консумација да се помине под млаз вода, за да се минимизира количеството на сол.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!