Поврзи се со нас

Вести

Турски воздушни напади врз курдски позиции во Сирија и Ирак

Објавено

на

Најмалку 12 лица загинаа во вчерашните турски воздушни напади врз курдски позиции во североисточна Сирија, пренесе денеска ДПА повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права.

Турското Министерство за одбрана рано денеска потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак.

Цел на нападите биле базите на Курдската работничка партија (ПКК) и на сириската курдска милиција ЈПГ, се додава во соопштението на Министерството.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 25 воздушни напади ги погодиле областите под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во селата кај Кобане и Алепо.

Организацијата за мониторинг со седиште во Британија, кој ја документира 11-годишната граѓанска војна во Сирија, соопшти дека биле погодени и позиции на сириската армија, при што загинале најмалку 12 лица, вклучувајќи и војници на СДФ и сириската армија.

Шефот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер напиша дека нападите се закана за целиот регион.

– Ова бомбардирање не е во корист на ниту една страна. Правиме максимални напори да избегнеме голема катастрофа. Ако избие војна, сите ќе бидат погодени, напиша тој.

Сириската државна телевизија ги потврди нападите.

Воздушните напади доаѓаат една недела по бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест лица, а беа ранети повеќе од 80. Турција ги обвинува ЈПГ и забранетата ПКК за нападот. ПКК ги отфрли обвинувањата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена