Поврзи се со нас

Вести

Турскиот вицепремиер Чавушоглу во Гостивар на свеченост во ОУ„Мустафа Ќемал Ататурк“

Објавено

на

 

Во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ во Гостивар беше организирана свеченост по повод Денот на наставата на турски јазик, 21 декември. Настанот беше искористен за официјална промоција на реновираниот училишен објект, зафат тежок околу милион евра, финансиран од Владата на Република Турција и Турската агенција ТИКА.

На свеченоста присуствуваше вицепремиерот на Турција, Хакан Чавушоглу кој учествуваше и во симболичното пресекување на црвената лента. Дел од турската делегација беа градоначалници од 25 општини од Турција. На манифестацијата беше присутна и Амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара и државниот министер, Аднан Ќахил.

 

„Не постои некоја поголема свеченост за еден град од таква кога се отвора реновирано училиште. Благодарни сме на ТИКА и на турската Влада за финансирањето на овој голем проект во Гостивар“, рече во своето обраќање градоначалникот Арбен Таравари.

Директорот на училиштето Октај Нуредин на гостите од Турција, министерот Ќахил и на градоначалникот им додели плакети, а вицепремиерот Чавушоглу доби и слика со симболот на градот, Саат кулата.

Манифестацијата ја разубавија учениците со пригодна програма, рецитации, игра и песни.

Целосно реновираниот објект на ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк“, кој го направи училиштето едно од најдобро уредените во земјава и регионот, беше пуштен во употреба во второто полугодие од минатата учебната година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 27 минути

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 3 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 4 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 5 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 8 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена