Вести
Тужба со тврдење дека бонбоните „Скитлс“ содржат штетни состојки
Нова тужба е поднесена во САД против производителот на чоколадни бонбони „Скитлс“ (Skittles). Во неа се тврди дека тие се „непогодни за човековата исхрана“ и содржат штетни состојки.
Џенил Тејмс од Калифорнија поднесе тужба против компанијата „Марс инк“ (Mars Inc.), која е сопственик на „Скитлс“. Според обвиненијата, оние кои ги внесуваат состојките, „се изложени на зголемен ризик од низа здравствени последици за коишто не знаат дека произлегуваат од генотоксичноста – способноста на хемикалијата да ја менува ДНК-та“. Се работи, всушност, за титаниум-диоксид, за којшто компанијата во 2016 година се обврза дека ќе го отстрани.
Се наведува и дека компанијата продолжува да продава производи што содржат титаниум-диоксид. Од компанијата тврдат дека вештачките бои што се користат во нивниот производ „не претставуваат никаков познат ризик за здравјето или безбедноста на луѓето“, како што објави „Гардијан“.
Тужбата, исто така, ја доведува во прашање и употребата на амбалажата:
„Обвинетиот се повикува на списокот состојки напишан со ситни букви на задната страна на производот, што го отежнува читањето и поради недостатокот на контраст во бојата меѓу буквите и позадината на пакувањето“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар