Спорт
У18: Македонските кошаркари ги стартуваа подготовките за Европското првенство

Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ги почна подготовките за настап на претстојното Европско првенство во „А“ дивизијата на кое противници и на избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе им бидат селекциите на Франција, Израел и Велика Британија.
Првите неколку дена од подготовките ќе се реализираат во Скопје, во салата на СРЦ „Кале“, од 22-ри јуни подготовките продолжуваат во Маврово. Потоа, ќе следуваат контролни натпревари на домашен терен против Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, а во програмата се и два подготвителни дуели против Хрватска на гостински терен.
– Имавме некои други планови, но со оглед на тоа дека ФИБА донесе одлука која ја промовира нашата селекција во учесник на Европското првенство во „А“ Дивизијата, извесно е дека мораше да направиме и извесни промени во првичните скици за работа во овој летен период. Едноставно, ФИБА ни постави нови граници кои мора да ги стигнеме во деновите кои следуваат, изјави селекторот Симиќ за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација.
– Сметам дека со одигрувањето на овие осум-девет натпревари ќе бидеме во посакуваната форма за настап на шампионатот во Турција, додаде Симиќ.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022