Поврзи се со нас

Македонија

Уапсен крадецот на уметнички слики од Павле Кузманоски

Објавено

на

Полицијата од ПС Центар вчера го уапсила 33-годишниот Е.Д. од Скопје и му е одреден притвор. По него се трагаше со локална потерница поради основано сомнение дека на 26 и 27 јуни 2022 сторил две тешки кражби на уметнички слики од Павле Кузманоски во книжарницата  „Матица ексклузив“, на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје.

-Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е  мерка притвор, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 27 јуни информираше дека два дена по отворањето на изложбата на слики од уметникот Павле Кузманоски, биле украдени 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејзажи создадени во изминатите 60 години.

– По големата кражба во седумдесеттите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар, соопшти  „Матица ексклузив“ во понеделникот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена