Гостивар
Уапсени 8 лица во Гостивар, се тепале и оштетиле угостителски објект
СВР Тетово информира дека вчеравечер (10 август) од 20 часот и 45 минути до 21 часот и 10 минути, на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода: Б.А.(25) од Дебреше, Д.А.(46) од Ѓурѓевиште, Е.А.(27) и Ф.А.(53) од Топлица, 34-годишниот Р.М. од Гостивар и тројца малолетници од Дебреше и Ѓурѓевиште, кои непосредно пред тоа го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект на оваа улица, а кој при пресметката бил и оштетен.
„Со цел да го спречи нарушувањето полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. Сите инволвирани во пресметката се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот и ќе се соочат со поднесоци.“, соопшти полицијата.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник