Гостивар
Уапсени две лица за кражби на подрачје на Гостивар и Врапчиште

На 11.11.2024 во 12.40 часот во Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од Селце Кеч.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини.
Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците, информира СВР Тетово.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог