Гостивар
Уапсени момчиња од Добридол и Топлица за кражби во објекти и на електрични тротинети

Уапсени три лица од гостиварско поради шест тешки кражби и кражба во неготинскиот регион и три украдени електрични тротинети. Дел од украденото им е вратено на сопствениците.
МВР информира дека вчера, во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол.
„Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети“, известуваат од полицијата.
Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.
Осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!