Гостивар
Убава приказна од Гостивар – Мирзад спаси маче заглавено на дрво неколку дена
Граѓани на Гостивар кои живеат во зградите на бул „Браќа Ѓиноски“, близу шумско, со нас споделија интересен и несекојдневен настан за едно палаво маче и хуман потег на гостиварец.
Како што ни` раскажаа, го забележиле мачето по силното мјаукање на едно од дрвјата кои се до зградата, уште пред неколку денови. Маче како маче, веројатно му било лесно да се качи, но потоа никако не можело да се симне од дрвото и деноноќно мјаукало за помош.
„Се јавивме во Противпожарната единица, но тие не направија напори да помогнат. Потоа се обративме до општината, од каде вчера испратија возило дигалка и се обидоа да го симнат, но за жал не успејаа. Мачето се уплаши, скокајќи на дрвото се скрши гранка, која падна врз возилото и така пак остана горе.“, велат жители од населбата.
Приказната за палавото уплашено маче, сепак има среќен крај и тоа благодарение на гостиварецот Мирзат Дехари, кој денес сам се качил на дрвото и го спасил животинчето.
Браво за Мирзад!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар