Поврзи се со нас

Гостивар

Убавини од глина! Керамичка работилница во Гостивар по трет пат

Објавено

на

Уметници и љубители на уметноста во Гостивар деновиве имаа можност да учествуваат во керамичка работилница, да ги изучуваат техниките и да изработуваат уметнички дела од глина. Работилницата насловена „Тера арт“, трета година по ред, ја организира гостиварскиот скулптор Џезаир Реџепи, а како инструктор и ментор е ангажирана уметницата Ајлин Донмез од Турција.

„Многу сум задоволен од интересот. Во работилницата, која почна пред неколку дена, се вклучија голем број уметници, но и граѓани кои сакаа да го пробаат овој тип на уметничко творештво.“, рече Реџепи.

Донмез истакна дека среќата за еден ментор е голема кога гледа страст кај посетителите и учесниците да ги совладаат вештините на изработка на предмети од глина.

„Прв пат сум во Македонија, и многу ми се допаѓа. Луѓето овде се многу желни да го научат овој занает и за еден инструктор ова е големо задоволство, бидејќи само така еден занает, останува жив. Не е важно со кој дијалект или јазик комуницирате бидејќи секогаш постои начин да се разбере и научи овој занает.“, рече Донмез.

Една од учесничките на работилницата денес беше и младата Елиза Абдија, гостиварката која светот го гледа, не со очи, туку со своето срце и таа уште во првиот обид успеа да направи прекрасна вазна.

Работилницата Тера арт е поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена